За нас
Добре дојдовте во Центарот за советување и психотерапија “Проф. д-р Диана Белевска“!
Проф. д-р Диана Белевска
Клинички психолог, психотерапевт, доктор на науки. Етаблиран лик во психологијата и психотерапијата на нашите простори и пошироко.
Центарот за советување и психотерапија “Проф. д-р Диана Белевска“ е прво психолошко советувалиште на територијата на нашата земја кое е регистрирано и работи согласно законските одредби на Законот за вршење на психолошка дејност и правилниците на Комората на психолози на Р. Северна Македонија.
Нашиот тим го сочинуваат искусни и едуцирни психoлози и психотерапевти со широк ранг(опфат) на експертиза во сферата на менталното здравје и личен раст и развој. Тимот е едуциран за давање психолошки и психотерапевтски услуги, како и професионален консалтинг во насока на унапредување на менталното здравје и на капацитетите за личен раст и развој на секој поединец. Сите членови на тимот се лиценцирани психолози кои континуирано работат на својот личен и професионален развој.
Водени од идејата дека секој од нас без оглед на возраста има или ќе има потреба од психолошка асистенција во одреден период од животот, континуирано се усовршуваме како би можеле да излеземе во пресрет на секоја потреба. Психолошката асистенција овозможува повисоко ниво на функционалност, без разлика на возраста, полот, образованието, животната и работната ситуација, но и помага во спречување на развитокот на други потешкотии.
Наша цел е да овозможиме пристапни и индивидуализирани психолошки услуги, така што секој кој се соочува со животни предизвици може да добие помош секогаш и секаде!