Услуги
СИТЕ ИМАМЕ ПРОБЛЕМИ, ТОА ШТО Е ВАЖНО Е ШТО НИЕ ПРАВИМЕ СО НИВ….
ЗА НАС НЕ ПОСТОЈАТ ПРОБЛЕМИ, ПОСТОЈАТ МОЖНОСТИ.
Нудиме:
ПСИХОТЕРАПИЈА
Психотерапијата подразбира процес во кој терапевтот и клиентот (индивидуа, пар, семејство или група) работат заеднички со цел надминување на психолошките потешкотии на клиентот и проблемите во однесувањето.
ПСИХОЛОШКО СОВЕТУВАЊЕ
Психолошкото советување претставува вид на психолошка помош во која советувачот му помага на клиентот да ги разбере и разреши своите емоционални потешкотии.
ПРОФЕСИОНАЛЕН КОНСАЛТИНГ
Психолошката асистенција можеби не може да “произведе“ најдобар професионалец, но може да му помогне на професионалецот да биде најдобар во рамките на сопствените можности.
ПСИХО-ДИЈАГНОСТИКА
Ви нудиме психолошко тестирање за различни цели и тоа: Диференцијално дијагностички, Експлорација на личност, Професионална ориентација, Професионален консалтинг, Процена на интелектуални способности итн.
ПСИХОТЕРАПИЈА
Психотерапијата подразбира процес во кој терапевтот и клиентот (индивидуа, пар, семејство или група) работат заеднички со цел надминување на психолошките потешкотии на клиентот и проблемите во однесувањето.
Психотерапијата има за цел ПРОМЕНА на постоечките состојби на клиентот на личен, , семеен, партнерски, социјален и професионален план и постигнување на повисок степен на функционалност.
Психотерапијата е корисна во третман на повеќе проблеми во менталното здравје, но и при различни животни транзиции и предизвикувачки околности.
Психотерапијата е апсолутен избор при:
- Пролонгирано чувство на тага, беспомошност, вознемиреност, стрес
- Неможност за справување со секојдневните предизвици
- Семејни и партнерски проблеми, развод, насилство во блиските врски
- Справување со големи промени – школување, кариера, родителство, загуба на блиски луѓе
- Соочување со дијагноза и прилагодување на живот со хронични болести
- Сексуалност и сексуален идентитет
- Работа на личен раст и развој
Во нашиот Центар Ви нудиме индивидуална, партнерска, семејна и групна психотерапија. Тука сме за да Ви помогнеме да живеете среќен, здрав и исполнет живот!
ПСИХОЛОШКО СОВЕТУВАЊЕ
Психолошкото советување претставува вид на психолошка помош во која советувачот му помага на клиентот да ги разбере и разреши своите емоционални потешкотии. Психолошкото советување не е давање на совет како што самиот назив може да сугерира. Психологот- советувач не му кажува на клиентот што тој/ таа треба да прави или како треба да се однесува во одредени ситуации. Задача на советувачот е да го раазбере клиентот и да му овозможи подобо да се разбере себе, сопствените постапки, мисли и чувства, и да ги остври посакуваните промени, додека клиентот самиот презема одговорност за своите промени и животни одлуки.
Психолошкото советување е соодветен избор за клиентите при:
- разрешување на емоционални дилеми
- решавање на комуникациски и релациски проблеми
- носење на одлуки за школување или кариера
- носење одлуки за професионален развој
Нашиот тим е специјализиран за:
- Советодавна работа во стресни и кризни ситуации
Секое лице има оптимално стресно ниво – фрустрирачка толеранција или посебно ниво за поднесување на стимулацијата во кое може да доживее искуство на стрес без загриженост или без чувство на оптовареност, а тоа значи дека има физиолошки и психолошки искуства кои му овозможуваат да поднесе различни животни притисоци.
Во случаи кога високиот притисок на самата стресна ситуација продолжува или повеќе пати се повторува, клиентот може да почувствува дека неговите обиди за совладување на стресната ситуација не се адекватни за делотворно приспособување. Во тој случај, лицето е во ситуација на силен стрес или во состојба која ја нарекуваме кризна.
Нашиот тим е обучен да ги препознае реакциите на клиентот на повеќе подрачја на функционирање, и му помага да развие вештини со кои ќе ја надмине акутната криза и ќе ги унапреди истите со цел да биде способен да си помогне при исти или слични ситуации.
- Психолошко советување при третман на неплодност
Советувањето при третман на неплодност се фокусира на прашања во однос на тоа колку клиентите се информирани и ги разбираат импликациите од нивниот избор на третман, дали добиваат доволно емоционална поддршка и можат да се справат на здрав начин со последиците од искуството со неплодност. Психолошкото советување е насочено на психосоцијалните и емоционалните потреби на клиентите, со цел да се овозможи сеопфатна поддршка при третманот.
- Психолошка поддршка за семејства со член со посебни потреби
Психолошкото советување за семејствата со член со посебни потреби е насочено кон поддршка на членовите во процесот на прифаќање на дијагнозата, надминување на шокот и адаптација на болеста или попреченоста. Цел на советувањето е да му се помогне на семејството во процесот на адаптација и реорганизација, со цел јакнење на нивните капацитети и постигнување на повисоко ниво на функционалност.
ПРОФЕСИОНАЛЕН КОНСАЛТИНГ
Психолошката асистенција можеби не може да “произведе“ најдобар професионалец, но може да му помогне на професионалецот да биде најдобар во рамките на сопствените можности.
Во сферата на менаџментот, исто како и во останатите сфери на човековото дејствување, улогата на психолошкиот професионален консалтинг станува се позначајна, а полезноста се повидлива. Нашиот тим ги користи принципите на емпириски потврдени методи на професионален раст.
Работиме со организацијата како систем, се користи потенцијалот и можностите на кадарот за креирање на прифатливи промени кои се имплементираат на сите нивоа, а резултатите се гледаат низ призмата на зголемена перформанса и работно задоволство.
Психолошкото советување може да се организира на повеќе нивоа:
- Селекција и прием на кадар – помага во избор на идните вработени, дава плејада на информации за личноста на кандидатот кои ставени во корелација со барањата на работното место овозможуваат вистински избор.
- Обука за менџерски тимови
- Психолошко советување за професионален раст и развој
ПСИХОДИЈАГНОСТИКА
Ви нудиме психолошко тестирање за различни цели и тоа:
-
-
- Диференцијално дијагностички – во склоп на клиничка психологија и психопатологија
- Експлорација на личност – процена на карактеристики на личност и конфликтни зони/ проблеми, како можност за психотераписко делување и избор на тераписки интервенции
- Професионална ориентација – експлорација на интереси и потенцијали на личност во насока на избор на професија, дава информации за персонални интереси, капацитети и насоки на професионален развој
- Професионален консалтинг – селекција на вработени и кадровско екипирање
- Процена на интелектуални способности
- Процена на личност во склоп на систематски прегледи
-
ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ И ПСИХОТЕРАПИЈА
Достапни секогаш и секаде – закажете ја Вашата онлајн сесија!
Доколку живеете надвор од државата, патувате често или сакате да ги користите нашите услуги од комфорот на Вашиот дом – Ви нудиме можност за онлајн советување и психотерапија.
Вие можете да соработувате со нашиот тим од сигурна и поддржувачка средина, односно од Вашиот дом, можете слободно и отворено да работите на Вашите потешкотии без да мора да патувате или да се сретнете со терапевтот лично. Можете да се поврзете со нас преку видео или аудио врска на телефон, Viber, WhatsApp, Skype…
Нашиот тим е насочен да им овозможи на клиентите терапевтска средина во која ќе се чувствуваат целосно прифатени и поддржани. Истражувањата покажуваат дека психолошкото советување и психотерапијата имаат поголем ефект врз индивидуата кога ја разбира културолошката позадина, јазикот и вредностите на заедницата од која доаѓа клиентот. Од тие причини, за сите клиенти од нашата држава кои живеат во странство, овозможуваме пристап на советодавни и терапевтски услуги кои се културно-сензитивни и прилагодени на нивните уникатни лични приказни.
Нашиот тим може да Ви помогне при:
- Надминмување на стресот поврзан со крос-културните предизвици
- Адаптација на различните културни вредности во средината во која сега живеете
- Одржување на квалитетни семејни и партнерски релации на дистанца
- Прилагодување на деца и адолесценти на миграцијата